Рибарот Томи Ли (22) помислил дека ќе умре на 8 мај, а неговото шокантно искуство го снимила камера на GoPro. Тој беше снимен како лови риба во раните вечерни часови кога на брегот се појави алигатор над три метри.
Кога се обидел да се повлече, алигаторот започнал да го брка. Тој вели дека прво го демнел, а потоа го ловел.
– Изгледаше многу поголем во живо. Тој беше оддалечен неколку метри од мене – изјави младиот човек за Вирал Хог.
Во еден момент, Ли се сопна и падна, но успеа да се опорави и да избега од опасноста. Видеото е објавено на каналот Јутјуб „Chum Dumpster“ и собра повеќе од 1,6 милиони прегледи за една недела. Еве како изгледаше.
