ВИДЕО: Мачка која гледа хорор филм стана хит на Твитер

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Видео од мачка како зјапа во хорор филм стана хит на Твитер.

Во едноминутното видео е прикажана мачка која прилично се задлабочила во дејството на филмот и со страв во очите ги гледа страшните сцени, а хорор атмосферата кулминира на крајот кога мачката скока и бега од кадарот. Иако не е познато каде е создадено видеото, локалните корисници на Твитер почнаа да го споделуваат.

Сите се согласуваат дека видеото е истовремено и урнебесно, но и дека мачето е преслатко со нејзините искрени реакции. На повеќе од две илјади луѓе им се допадна.