По учеството на самитот на НАТО во Турција, унгарскиот премиер Петер Маѓар одлучил уште неколку дена да остане на турскиот брег, каде што поминал време со своите синови.
Маѓар на социјалните мрежи сподели видео од престојот во Анталија, на кое може да се види како вози скутер на вода, се забавува на воден тобоган и ужива на плажа.
Неговото појавување во туристичко издание предизвика реакции во јавноста во Унгарија, по што премиерот одговори дека станува збор за приватно патување и дека сите трошоци ги покрил самиот.
„Продолжениот викенд го поминав во Турција со моите деца, а сите трошоци ги платив од свој џеб“, напиша Маѓар на социјалните мрежи.
Пред самитот на НАТО, унгарскиот премиер престојувал во Истанбул и Коџаели, каде што ја посетил спомен-куќата на унгарскиот водач Имре Текели.
Маѓар претходно најавил дека по официјалниот дел од самитот ќе остане уште четири дена во Турција со своите деца, нагласувајќи дека нема да користи државни средства или службен транспорт.
Тој посочи дека не патувал со владин или воен авион, туку со редовна комерцијална авионска линија.
