ВИДЕО: Маратонците тргнаа за Тоше: Пристигнаа на Табановце, продолжуваат кон Крушево

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во чест на музичката легенда Тоше Проески, маратонците кои во средата го започнаа својот пат пристигнаа на граничниот премин Табановце и се упатија кон Скопје. Нивното пристигнување на градскиот плоштад се очекува околу 19 часот, по што ќе продолжат кон Крушево, родниот град на Тоше.

Од Скопје, маратонците ќе поминат и преку детската улица „Тоше Проески“ во населбата Ново Лисиче, од каде што ќе го продолжат патот кон крајната дестинација.

Со овој маратон, учесниците му оддаваат почит на Тоше Проески, чии песни и хуманост и понатаму живеат во сеќавањата на неговите обожаватели.