ВИДЕО: МВР по снимањето на ТВ21 го приведе Агим Исмаиловиќ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Полицијата дојде во домот на Агим Исмаиловиќ каде се наоѓаше и екипа на ТВ21 и го приведе, бидејќи претходно за него судот донесе такво решение.

По Исмаиловиќ трагеше МВР бидејќи денеска откако обвинителката Фатиме Фетаи побара притвор за него, тој исчезнал од судската палата.

Разговорот со Исмаиловиќ ќе го емитуваме подоцна.

Кривичниот суд објави дека за двајца обвинети (Фејзи Азири и Агим Исмаиловиќ) за 5-кратното убиство на Смилковското Езеро е определен притвор по барање на обвинителката Фатиме Фетаи.

Фетаи барала притвор затоа што сметала дека постои опасност од бегство поради приближување на крајот на судскиот процес за случајот познат како Монструм.

Исмаиловиќ и Азири се обвинети во случајот Монструм кога на 12-ти април 2012-та беа убиени 4 момчиња и еден жител на Смилковци во близина на Смилковско Езеро. Обвинетите веќе беа осудени на доживотна казна но таа беше укината во Врховниот суд, а случајот го презеде СЈО. Во бегство се и двајцата првообвинети (Алил Демири и Африм Исмаиловиќ) во предметот кои избегаа на Косово, но не беа екстрадирани иако имаше такво барање.