ВИДЕО: МВР за големиот пожар: Зафатени се 4 објекти, се интервенира со 8 возила

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Попладнево голем пожар избува во близина на Чаирчанка. Според информациите на репортерот на ТВ21 од лице место, зафатени се 4 објекти, за среќа нема повредени лица.

Од МВР за ТВ21 потврдиваат дека зафатени се 4 објекти и на истите се интервенира со 8 противпожарни возила.

На 25.05.2021 околу 17 часот известени сме дека избил пожар кој до овој момент има зафатено два дуќани – сервиси за велосипеди и мотори, една куќа и чајџилница. Повредени лица како последица на пожарот до овој момент нема. Во моментов се уште се гасне пожарот од страна на БППЗ кои интервенираат со 8 возила.

Истрагата ќе треба да утврди која било причината за големиот пожар.