На граничниот премин „Блато“ е уапсен државјанин на Македонија, кој одибл да биде контролиран, и се обидел да избега, притоа загрозувајќи ги животите на полицајците.
Албанската полиција објави и видео од целиот настан, на кое се гледа како возачот најпрво застанува, а потоа одеднаш почнува да бега и притоа едниот од полицајците избегнува сериозен инцидент.
„На ден 02.02.2026 година, околу 17:20 часот, на излез од Р. Албанија, со своето возило, се пријавил државјанинот Г. К., 42 години, жител на Република Северна Македонија. За време на процесот на регистрација му било побарано, заедно со возилото, да помине на детална контрола.
42-годишникот се спротивставил на наредбата на полициските службеници и се обидел да се оддалечи со голема брзина, со што го загрозил животот на полициските службеници.
По завршување на истражните дејствија, извршено е апсење на лице место на државјанинот Г. К. за кривичните дела „Спротивставување на службено лице“ и „Нелегално преминување на границата“, а исто така е запленето и возилото со кое се движел.
Процедуралните материјали се доставени до Обвинителството при Основниот суд од општа надлежност во Пешкопеја, за понатамошна постапка“, се вели во соопштението од полицијата.
