ВИДЕО: На нов бран од коронавирус предупреди СЗО, што вели министерот Филипче?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ќе има ли нов бран на коронавирус? Синоќа во дебатниот магазин Click Plus на ТВ21 токму на оваа тема дебатиравме со министерот за здравство, Венко Филипче и докторите д-р Милена Стевановиќ, директор на Клиниката за Инфективни болести и фебрилни состојби и д-р Дејан Докиќ, директор на Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија.

Министерот Венко Филипче, вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека вирусот во последните неколку дена се смирува, односно вирулетноста се намалува, меѓутоа и натаму здравствените и сите власти се внимателни, затоа што, како што кажа министерот, вирусот и натаму е непредвидлив.

„Има многу претпоставки за вирусот, не само кај нас, туку секаде во светот. Дали може да се каже што ќе се случува во слендиот период, колку ќе трае овој бран. Тоа што се случува кај нас е да има намалување на притисокот на пациенти во болници. За разлика од првите денови од ноември кога притисокот беше огромен“, рече Филипче.

Од синоќешното гостување на министерот за здравство Венко Филипче, во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.

Дефинитивно во моментов се случува втор бран од коронавирусот. Во однос на тоа синоќа зборуваат докторите Милена Стевановиќ и Дејан Докиќ.

„Врз основа на анализи се прават предвидувањата. Тука имаме 10 месеци. Затоа не верувам дека ќе се најде некој кој ќе предвиди како ќе се развива. Свесни сме дека кај вирусните респираторни епидемии имате почеток, развиток, пик, и паѓање. Свесни сме дека 10 месеци, имаме уште пациенти со Ковид-19. Нема карактеристично својство на респираторна инфекција“, изјави Докиќ.

Стевановиќ истакна дека проблем се непредвидливите моменти кои ги носи коронавирусот. Рече дека и покрај дадените тераписки мерки, и натаму вирусот може да е непредвидлив.