ВИДЕО: На три часа пред полицискиот час, граѓаните ги напуштаат жариштата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На нешто помалку од три часа пред почетокот на полицискиот час во Скопје, Тетово, Куманово и Штип, кој ќе трае целиот продолжен викенд, забележливо е зголемен интензитет на сообраќајот, особено на излезот од Скопје кон Тетово.

Тоа може да се види и од видеото од патарините ширум земјава.

Голем дел од граѓаните карантинот ќе го минат во своите викендички во западниот дел од земјата. На излезите кон Куманово и кон Велес, забележливо е помал интензитет на сообраќај.