ВИДЕО: Направена реплика на увото на Ван Гог со помош на 3Д технологија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Германски уметник, користејќи го генетскиот материјал на потомокот на Винсент ван Гог, успеал да направи копија на увото што овој славен холандски сликар си го отсекол сам во 1888 година, за време на една од психотичните епизоди.

Центарот за уметност и медиуми во Карлсруе, Германија, соопшти дека увото се состои од живи клетки кои биле одгледувани благодарение на примерокот добиен од правнукот на братот на Винсент, Тео, и обликуван со помош на 3Д печатач.

Донаторот на генетски материјал, Ван Гог и неговиот славен предок делат една шеснаесеттина од генот, вклучувајќи го и хромозомот Y, кој се пренесува преку машката линија.

Изложбата се одржа во Центарот за уметност и медиуми, а посетителите можеа да зборуваат во увото каде компјутерот ќе го процесира звукот и ќе овозможи симулација на нервните импулси.