Реакции на резултатите од унгарските избори пристигнуваат од целиот свет, од министри до шефови на држави.
Новинарите го прашаа и американскиот претседател Доналд Трамп за поразот на Виктор Орбан, но тој реагираше неочекувано.
Снимките што кружат на платформата X го покажуваат Трамп како, штом новинарите почнале да го прашуваат за Орбан, престанува да одговара и си заминува без коментар.
Долгогодишниот националистички лидер на Унгарија, Виктор Орбан, го призна поразот по 16 години на власт.