Поради обилниот снег и дожд затворени патишта и прекината испорака на струја во југозападна Швајцарија, соопштија властите, а дождовите предизвикуваат проблеми и на северот на Италија.
Туристички претставник изјавил дека Цермат, популарно алпско скијалиште на југот на земјата, на границата со Италија, е отсечен. Телевизиската куќа SRF јави дека во регијата паднале 55 сантиметри свеж снег, а на преминот Голем Свети Бернард, југозападно од Цермат, се измерени 100 сантиметри снег.
Властите во Сион, главниот град на кантонот Вале, ги затвориле сите патишта за возила и пешаци и ги повикале жителите да останат во своите домови. Училиштата се затворени. Новинската агенција Keystone-SDA исто така извести за нарушувања предизвикани од снегот и дождот во кантонот Берн, во централниот дел на земјата. Многу градови и места се отсечени.
In den letzten 24 h fielen vom Maggiatal bis zu den Berner Alpen über 100 mm Niederschlag. Im Wallis und im Berner Oberland schneite es dank Niederschlagsabkühlung bis auf den Talboden. In Visp wurden am Morgen 30 cm Neuschnee gemessen! Aktuelle Warnungen: https://t.co/iCggkuQVYk pic.twitter.com/RgZTm8RvM6
— MeteoSchweiz (@meteoschweiz) April 17, 2025
Властите во кантоните Вале, Берн и Тичино издале второ највисоко предупредување за лавини, а метеоролошката служба MeteoSchweiz информира за „умерена“ опасност од висок водостој на реката Рона и езерото Маџоре на швајцарско-италијанската граница. Лошите временски услови ќе продолжат и попладнево, предвидува MeteoSchweiz.
Дождови предизвикуваат проблеми и на северот на Италија
Бројни реки на северот на Италија се излеале од коритата поради обилните врнежи, а властите затвориле зони и патишта во близина на реките. Северозападниот регион Пиемонт, со главниот град Торино, е тешко погоден, и упатени се апели до локалното население да остане во своите домови.
Поради поплавени железнички линии, дојде до значителни доцнења на железничкиот сообраќај меѓу Италија и Швајцарија, соопшти италијанската железничка компанија. Неколку возови останале заглавени по таа рута.
Властите предупредија на силни ветрови, поплави и свлечишта. Региони кои обично привлекуваат голем број посетители за време на велигденските празници, како Јужен Тирол на североистокот, Ломбардија на северот и Тоскана подолу, исто така се погодени.
