ВИДЕО: Огнена стихија му се заканува на познато грчко место, наредена евакуација

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пожарникарите на грчкиот остров Евија продолжуваат со напорите за гаснење на пожарот што избувна во општината Каристос, поточно во областа Месохорија, а населението се евакуира.

Во борбата против огнената стихија учествуваат и авиони и хеликоптери. Операциите за гаснење продолжија и во текот на ноќта, а утрово повторно беа ставени во акција воздушни средства за гасење.

Во текот на денот се очекува дополнително засилување на воздушните ресурси со цел пожарот да се стави под контрола, додека сликата за ситуацијата е малку подобра во споредба со претходните часови. Во областа дуваат силни ветрови, што го отежнува ставањето под контрола.

Kратко пред 3:30 часот наутро, истата порака беше испратена до жителите во областа Лимнионас, со упатства да се упатат кон Неа Стира преку Цакаи.

Досега пожарот не зафатил населено место, а пожарникарите се надеваат дека ќе успеат да го локализираат пламенот пред да се прошири во селата.