ВИДЕО: Огромен пожар на гасовод во близина на Куала Лумпур, триесетина повредени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку 33 се повредени, а шестмина се хоспитализирани во Малезија откако избувна пожар на гасовод со кој управува државната енергетска компанија Петронас во близина на главниот град Куала Лумпур, соопшти противпожарната служба.

Противпожарните операции се во тек, се наведува во соопштението, пренесува Ројтерс.

Пожар избувна денеска на гасовод на периферијата на Куала Лумпур, со кој управува малезиската државна енергетска компанија Петронас, соопштија локалните власти.