ВИДЕО: Општа тепачка во парламентот во Србија, се фрлаат јајца, употребени и димни бомби

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Хаос во српскиот парламент. Се случи тепачка, каде што пратениците од опозицијата фрлале со јајца, а потоа почнале да се пресметуваат со боксови едни со други.

Хаосот настанал час и половина по почетокот на седницата. Пратеници од опозицијата станаа од пратеничките клупи. Се фрлаше и со димни бомби и јајца кон пратениците од власта.

Б92 пренесува дека пратеничката Јасмина Обрадовиќ доживеала мозочен удар за време на нередите, и дека интервенирала Итната помош.