Четири девојки се обиделе да побегнат од ресторан пред неколку дена.
Тие побарале посебни сметки, па го искористиле моментот и побегнале. Но, не секогаш испаѓа така како што ќе си замислиме!
Имено, една од нив ги заборавила клучевите од автомобилот на масата, по што биле присилени да се вратат на „местото на злосторството“.
Нивниот потег го приметиле и останатите гости во ресторанот кои започнале да се смеат, а еден од нив и дофрлува дека ова се најверојатно најглупите криминалки кои ги видел во својот живот.
Интересен детаљ привлече внимание и на еден корисник на социјалната мрежа Редит, кој споделил и коментар дека една од девојките носи патики во вредност од дури 600 долари.
Во продолжение погледнете како тоа изгледало:
@viraltwins #fypシ when u try to run out on the bill but left your clown car keys on the table 😂😂😂
♬ original sound – Seb
