На судењето на поранешниот претседател на САД Доналд Трамп кој е обвинет за поттикнувае на нападот на Капитол, прикажани се нови снимки и откриени непознати детали од нападот на зградата на Конгресот.
Потпретседателот Мајк Пенс успеал да избега од спореден излез, додека толпата веќе трчака кон ходниците на зградата на Конгресот, а оние кои влегувале внатре истакнувале: „Обесете го“.
Пратеникот Ерик Свалвел во страв дали ќе преживее, на сопругата и пратил порака „Те сакам само тебе“.
На продолжението на процесот за импичмент на Трамп пред американскиот Конгрес, во текот на самостална презентација во средата демократите прикажале нови снимки на упадот на поддржувачите на Трамп во зградата на американскиот парламент на Капитол на 6. јануари.
Трамп се терети дека е одоговорен за нападот на законодавното тело, во кое смртно страдаа пет лица, а се чини дека за малку е избегната уште поголема трагедија.
На драмтичните снимки се гледа како поддржувачите на Трамп „дивеат“ по ходниците на Конгресот, барајќи го потпретседателот Мајк Пенс. Есктремистите на крајната десница први влегле во зградата, некои и вооружени.
