Поради обилните врнежи кои го зафатија целиот регион, па и косовскиот главен град Приштина, поплавени се неколку улици во централното градско подрачје.
Обилните врнежи од дожд практично го поплавија плоштадот во центарот на приштина.
Движењето на автомобилите попладнево беше отежнато како во централнто градско подрачје, така и на периферијата на градот.
Преку социјалните мрежи се огласи и градоначалникот на Приштина, Шпенд Ахмети, кој порача дека граѓаните немаат причина за паника, бидејќи ситуацијата е под контрола.
Како што вели, неколку екипи од комуналното претпријатије излегле на терен за да реагираат и да санираат евентуални штети.
Обилни врнежи од дожд се најавени во целиот регион викендов, но и утре.
