ВИДЕО: Пожар во фабрика за хлор ги затвори домовите на над 150.000 жители на Барселона

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пожар избувна во сабота наутро во фабрика за производство на хемиски производи за базени во Барселона. Фабриката има складирано околу 70 тони хлод, а поради пожарот околу 150.000 жители на пет каталонски општини останаа дома, и им се препорача да не излегуваат од своите домови.

Цивилната заштита на Каталонија испрати пораки до мобилните телефони на жителите на населбите Виланова и ла Гелтру, Сант Пере де Рубес и Кубелес, Кунит и Калафел, како и оние во областа Рокетес, и побараа од нив да ги затворат прозорците и вратите, да не излегуваат на улица и да не користат клима уреди.

Во овие општини се откажани сите настани на отворено. Исто така ќе нема ниту спортски активности.

Пожарот избувнал околу 2:20 часот во магацинот на „Клим Вотерпул“, компанија која работи со производи за одржување базени.

На местото на пожарот работат околу 60 пожарникари и група специјализирана за технолошки ризици. Не се пријавени повредени.