ВИДЕО: Премиерката на Нов Зеланд продолжи интервју среде земјотрес

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Битолската Зоолошка градина наскоро ќе добие лавчиња и кенгурчиња

Битолската Зоолошка градина наскоро ќе добие две лавчиња, кенгурчиња и други диви животни со што ќе се зголеми животинскиот...

Брнабиќ: И помагаме и на Северна Македонија за вакцините против ковид-19

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ во емисијата „Добро утро Србија“ истакна дека Србија и помага и на Северна Македонија...

Фетаи: Обидот на одбраната за поврзување на случајот со структури на МВР е целосно неточна теза

Обидот на одбраната за поврзување на возилото „опел омега“ и целата операција со структури на МВР, е целосно неточна...

Бајден ќе потпише 10 извршни наредби поврзани со борбата против Ковид-19

Американскиот претседател Џо Бајден денеска ќе потпише десет извршни наредби за борба против коронавирусот, вклучително и наредба фондот за...

Владата иницира зголемена транспарентност и отчетност на органите на државна управа и јавните претријатија во државна сопственост

Владата на Република Северна Македонија, на 40-та седница одржана на 19-ти јануари 2021 година, на предлог на Комисијата за...

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Арден остана мирна за време на земјотресот, кој се случи додека таа даваше телевизиско интервју во живо. Арден го прекина водителот на Њузхаб, Рајан Бриџ, за да му каже што се случува во парламентарниот комплекс во главниот град на земјата, Велингтон.

– Имаме мал земјотрес овде, Рајан, всушност е прилично пристоен земјотрес, рече премиерката, разгледувајќи наоколу.

– Дали гледате како работите се поместуваат зад мене, додаде таа.

Земјотрес со јачина од 5,6 степени е регистриран денеска во океанот на околу 100 километри северо-источно од Велингтон, според американскиот Геолошки институт.

Земјотресот се случи нешто пред 8 часот по локално време и беше почувствуван од илјадници Новозеланѓани кои се подготвуваа да ја започнат работната недела. Земјотресот беше доволно силен за да ги турне работите од полиците и да го запре движењето на возовите. Сепак, нема извештаи за поголеми штети или повредени.

Арден го продолжи интервјуто и му рече на водителот дека земјотресот запрел.

– Добро сме, Рајан. Јас не сум под никакви висечки светла, изгледа дека сум на структурно добро место, рече таа.