Премиерот Зоран Заев денеска на пунктот во спортската сала „Борис Трајковски“ се вакцинираше со првата доза од вакцината против коронавирусот.
Заев на прес по вакцинацијата истакна дека се вакцинирал со првата доза од вакцината Синофарм.

„Се чувствувам одлично и ќе ја продолжам мојата дневна работна агенда во попладневните часови“, истакна Заев и ги повика граѓаните масовно да се вакцинираат.
