ВИДЕО Продолжува блокадата на РТС, поставени контејнери и метални огради – утринската програма откажана!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Протестот пред зградата на Радио-телевизија Србија на улицата Таковска, во кој учествуваат граѓани и студенти, продолжува и денес, откако блокадата започна во неделата навечер.

Утрово некои од вработените на РТС се обиделе да влезат во зградата, но, како што јавуваат присутните на социјалните мрежи, „се откажале по убедување и аплауз“.

РТС утрово не ја емитува утринската програма, иако беше најавена како и секое утро од 5:55 до 8 часот. Наместо утринската програма, на првиот канал на РТС утрово се емитува филмот „Егзодус: Богови и кралеви“ со Кристијан Бејл во главната улога.

Ниту вестите, кои секое утро се емитуваат во 7 часот, не беа емитувани утрово. Гледачите на РТС вестите можеа да ги погледнат еден час порано, во 6 часот, но без водител и со однапред подготвени прилози.