ВИДЕО: Први снимки по пукањето во Арачиново, полиција не дозволува влез во општината, а хеликоптер трага по извршителите

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Нашиот репортер од Арачиново ги испрати и првите снимки по денешното пукање во кое има едно лице тешко повредени.

На снимките може да се забележи дека целосно е блокиран влезот за кон општината, а цело време местото го надлетува полициски хеликоптер.

Веќе објавивме дека хеликоптерот трага по лицата и автомобилите од кои е пукано денеска.

Дознава дека градоначалникот не е повреден, но едно лице е во животнозагрозувачка состојба.