ВИДЕО: Пукање во парламентот на Абхазија, убиен пратеник

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пратеникот на парламентот на Абхазија, Вахтанг Голанџија, ранет за време на пукањето во парламентот на Абхазија, им подлегнал на повредите, соопшти прес-службата на Министерство за здравство.

На вториот пратеник во кого е пукано, му е укажана лекарска помош. Тој бил ранет во раката.

Претходно извор од Обвинителството во Абхазија јави дека имало пукање во зградата на парлаемнтот и дека двајца пратеници се ранети.

Засега не е познато дали некој е приведен, како и мотивот на пукањето.

Претходно, Парламентот на Абхазија ја прифати оставката на претседателот Аслан Бжанија, која тој претходно ја поднесе, под услов претставниците на власта и опозицијата да се договорат за оставка на претседателот на Абхазија и прекин на антивладините протести.

Гласањето беше тајно. Одлуката ја поддржаа 28 пратеници, еден беше против, а две ливчиња беа прогласени за неважечки.

Абхазија е регион во Грузија, и де факто независна држава. Независноста е признаена од Русија, Венецуела, Никарагва, Науру и Сирија, а меѓународно призната како дел од Грузија. Голем дел од населението има руско државјанство.