ВИДЕО: Пукотници во училиште во Турција, најмалку 16 лица повредени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку 16 лица беа повредени кога ученик отвори оган во училиште во Турција. Во моментов се водат преговори со напаѓачот кој се забарикадирал во образовна институција и одбива да се предаде.

Пукањето се случило во училиште во округот Сиверек во покраината Шанлиурфа. Стотици ученици биле евакуирани по инцидентот, а напаѓачот – за кого нема познати детали освен дека е ученик – пукал со ловџиска пушка, пишува британскиот весник „Дејли меил“.

Телевизијата „НТВ“ објави дека се во тек преговори со напаѓачот, кој одбива да се предаде. Телевизиските снимки покажуваат голем број амбулантни возила пред училиштето, додека учениците панично бегаат од зградата.

Според информациите од Турција, напаѓачот се самоубил после нападот.