Распука асфалтот во близина на Министерството за надворешни работи, откако попладнево пукнала цевка за вода со димензии Ф-300.
На местото каде што е пукната цевката отворена е и голема дупка, а екипи веќе се на терен и го санираат проблемот.
Првиот човек на Град Скопје, Петре Шилегов потврдува дека станува збор за пукната цевка и апелира да се вози внимателно на тој дел од градот.
„На лице место сме и интервенираме, за да избегнеме поголема хаварија на коловозот. Ве молам за внимание“, вели Шилегов.
На терен е и полицијата која го обезбедува местото.
