ВИДЕО: Робињо уапсен во Бразил – ќе одлежи деветгодишна затворска казна за силување

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поранешниот бразилски фудбалски репрезентативец Робињо е уапсен во Бразил, каде ќе треба да одлежи деветгодишна затворска казна за силување.

Наместо да стане наследник на својот голем претходник, некогаш славниот фудбалер на Сантос, Реал, Манчестер Сити, Милан и бразилската репрезентација, за која одигра 100 натпревари, сега е засрамен и однесен на отслужување казна од девет години во затвор за брутално групно силување на 22-годишна девојка.

Злосторството се случило на 22 февруари во ноќен клуб во Милано, а покрај Робињо и неговиот пријател Рикардо Фалко, девојката ја силувале уште четворица мажи и истото траело меѓу 30 и 50 минути во соблекувалната на ноќниот клуб.

Како што јави денеска Би-би-си, Робињо бил уапсен во неговиот дом во Сантос.

Високиот суд во Бразил оваа недела пресуди дека 40-годишниот поранешен играч мора да отслужи затворска казна откако во Италија беше осуден на девет години.

Врховниот суд во четвртокот го одби барањето за укинување на притворот.

Италијанската Влада инсистираше Робињо да ја отслужи казната во Бразил, бидејќи не успеа да издејствува негова екстрадиција.

Робињо зад себе остави успешна фудбалска кариера во која освои бројни трофеи.

Се вели дека го нарекувале новиот Пеле во тинејџерските денови.

Одигра 100 натпревари за бразилската репрезентација од 2003 до 2017 година, постигна 28 голови и освои два трофеи во Купот на конфедерации, како и Копа Америка.