Авион на нигериската армија се урнал во близина на меѓународниот аеродром „Намди Азикиве“ во Абуџа, изјави портпаролката на аеродромот.
Според неа, авионот се срушил откако се приближил до пистата.
Сè уште нема официјални податоци за инцидентот или за потенцијалните жртви.
Порталот „Вангард“ ги објави првите вести за падот на авионот.
После тоа, на социјалните мрежи се појавија бројни видеа, кои наводно ја покажале несреќата.
Една од објавените снимки покажува поголем пожар на местото на несреќата, а пожарникари се обидуваат да го изгаснат.
Извештаите посочуваат дека во авионот имало шест лица и дека тие не ја преживеале несреќата, пренесува „Спутник“.
