ВИДЕО: Се урна зграда во Италија, потрагата по исчезната жена продолжува

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во текот на ноќта продолжија операциите за потрага по жена која беше пријавена за исчезната при уривање на петкатница во средата доцна попладне во италијанскиот град Бари, соопштија денеска спасувачките служби, пренесува Танјуг.

Во акцијата учествуваат пожарникари, спасувачки планинарски персонал, безбедносни сили и припадници на цивилната одбрана, јавува Анса.

Жената, која е идентификувана како 74-годишната Розалија Де Џоза, родена во Бари, не ја напушти зградата откако жителите беа иселени минатата година кога властите го прогласија објектот за небезбеден.

Сопствениците на зградата започнале со реновирање една недела пред уривањето, јавува Танјуг.

Две згради веднаш превентивно се евакуирани, а општината обезбеди сместување за 80 жители, наведува агенцијата.