ВИДЕО: Што се случува во Франција? Горат гуми, блокирани патишта!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Стотици такси возила ја блокираа обиколницата во Париз, француската престолнина, и Порта Мејо меѓу Ла Дефенс и Триумфалната капија во вторник, 3 декември, во знак на протест против пониските тарифи за медицинскиот транспорт.

Демонстрантите запалија гуми на обиколницата и Порт Мејло додека полицијата интервенираше за да го ограничи пристапот на таксистите до Елисејските полиња.

Стотици таксисти протестираа во понеделникот во францускиот регион Оверњ-Рона-Алпи поради промената на цените, што предизвика прекини во сообраќајот.

Денеска се блокирани и патиштата кон градот Лион.

Таксистите кои протестираат поради промената на тарифите во медицинскиот превоз изјавија дека нивните протести може да продолжат и во текот на целата недела.