Силен пожар беснее во Кочани.
Според првични информации од пожарот биле зафатени и неколку куќи, меѓу кои и на градоначалникот Николчо Илиев.

На фотографиите може да се забележи дека огнената стихија им се приближува на куќите, а на Твитер корисниците велат дека сериозна е ситуацијата и се бара помош.
Во Кочани пожарите се надвор од контрола. Од ридовите пожарите се спуштини во приградските населбети, целиот град е зачаден, населението е во паника. Језиво!
— Teodos (@gorteo7) August 2, 2021
Граѓаните пишуваат дека започнало гаснење на пожарите со хеликоптери, а населението ги напушта своите куќи поради големиот чад.
Почнаа да гасат хелихоптери во Кочани, тешко да се среди нешто пред да стемни, на огромна површина е пожарот
— Vanilala (@vanilafterdark) August 2, 2021
