ВИДЕО: Силен земјотрес во Тибет однесе повеќе од 50 животи, се бараат преживеани

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во силниот земјотрес што го погоди Тибет загинаа 53 лица, а 62 се повредени, соопштија локалните власти.

Околу 1.500 спасувачи се ангажирани во потрага по преживеани под урнатините, соопшти кинеското Министерство за вонредни ситуации.

Земјотресот бил со јачина од 6,8 степени, со епицентар на околу 75 километри североисточно од Монт Еверест.

Движењето на тлото се почувствувало и во Непал, пренесува АП.