ВИДЕО: Силни експлозии во Техеран, гори аеродромот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На осмиот ден од американско-израелскиот напад, рано наутро во саботата беше започнат нов бран напади врз иранскиот главен град Техеран, а израелската војска објави дека ова е одговор на иранските ракети испратени кон Израел.

„Израелските одбранбени сили (ИДФ) започнаа голем напад врз цели во Техеран“, соопшти израелската војска, додавајќи дека нивната одбрана ги пресретнала иранските ракети.

Претходно беа објавени драматични снимки од пламен и експлозии на аеродромот Мехрабад во Техеран, како и од авион во пламен. Не е јасно дали авионот бил директно погоден. 

„Израел напаѓаше, а во еден од последните напади беа погодени западниот дел од Техеран и аеродромот Мехраба“, вели водителот во видео објавено од Мехр.

Во неделата на војната на Блискиот Исток, цените на нафтата на светскиот пазар се зголемија за 30 проценти, достигнувајќи нивоа невидени од 2023 година.