ВИДЕО: Силно невреме го зафати Скопје, откорнат кров од зграда на Партизанска

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Силно невреме попладнево го зафати Скопје, а силните налети на ветер предизвикаа материјална штета во централното градско подрачје. Од зграда на булевар „Партизански одреди“ бил откорнат дел од кровната конструкција.

Силниот ветер проследен со дожд и грмежи предизвика проблеми на повеќе локации во главниот град, а граѓаните пријавуваат оштетувања предизвикани од невремето.

Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), подрачјето на земјава е под влијание на нестабилна воздушна маса, поради што се очекуваат локални врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. На одделни места можни се поинтензивни процеси со пороен дожд, силни електрични празнења и краткотраен град.

Од УХМР предупредуваат дека при појава на невреме можни се нагли засилувања на ветерот, поради што граѓаните треба да бидат внимателни и да избегнуваат движење во близина на нестабилни конструкции, дрвја и рекламни паноа.

Надлежните служби се на терен и проверуваат дали има дополнителни последици од силното невреме кое го зафати главниот град.