ВИДЕО Силно невреме ја зафати Војводина: Издадено итно предупредување

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Силно невреме денеска ја зафати областа Бачка, а Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) издаде итно предупредување за грмежи за Војводина.

Облачноста која предизвикува интензивни врнежи со грмежи, засилен ветер и град во подрачјето на централна Бачка во следните два часа ќе се движи кон север“, се наведува во предупредувањето на РХМЗ.

Подрачјето на Бачка Паланка го зафати силно невреме пропратено со бурен ветер и град.

Град со големина на лешник падна и во Темерин.

Некои белградски медиуми тврдат и дека некои жители на Бачка Паланка наводно останале без струја.