ВИДЕО: Сообраќајна незгода на магистралниот пат Кичево-Гостивар – три лица повредени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 11.02.2021 во 14.00 часот во СВР Охрид пријавено е дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(55) од Кичево и патничко возило „опел астра“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од В.М.(23) од Кичево.

Притоа, со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Битола, се здобила А.М.(19) од Кичево, сопатник во патничкото возило.

Со телесни повреди, констатирани во болницата во Кичево, се здобиле возачот на возилото „астра“, 17 – годишен сопатник и И.А.(22), сите од Кичево. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кичево.