ВИДЕО: Судир на демонстрантите и полицијата во Брисел, употребен воден топ и солзавец

НАЈНОВИ ВЕСТИ

За време на денешниот генерален штрајк во Брисел, каде што според полициските проценки имало 80.000 лица, дошло до конфликт меѓу дел од демонстрантите и полицијата.

Поради нивното одбивање да го напуштат местото на протестот, бриселската полиција употреби водени топови и солзавец за да ги растера демонстрантите, објави „Бриселс тајмс“.

Полициската акција резултираше со апсење на неколку лица, а неколку лица беа повредени и им беше укажана лекарска помош.

Според официјалните проценки на бриселската полиција, на денешниот штрајк учествувале околу 80.000 луѓе, додека синдикатите наведуваат дека бројот на учесници бил значително поголем, односно околу 140.000.