ВИДЕО Трагедија на стадион во Јужна Америка: Загинаа девојка на 18 години и 13-годишно момче

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Две лица загинаа пред натпреварот од второто коло на Копа Либертадорес во кој играа Коло Коло и Форталеза. Неофицијално, жртвите се 18-годишна девојка и 13-годишно момче.

Група навивачи се обиделе да се пробијат до секторот „Кауполикан“, ја срушиле оградата и во тој момент настанало стампедо. Полицијата се обиде да ги растера навивачите, а ситуацијата ескалира до крајност кога полициско возило употреби воден топ за да ја разбие публиката. Потоа настанал хаос и заштитната ограда се срушила, при што под неа биле заробени две лица. Порталот „Депортиво“ дури наведува дека полициски транспортер прегазил 13-годишно момче и 18-годишна девојка бидејќи не ги виделе.

Додека течеше натпреварот, низ стадионот се прошири веста за загинатите, а во 72. минута дел од навивачите упаднаа на теренот и предизвикаа прекин на натпреварот на 0:0.