ВИДЕО Трагедија во Лисабон: Позната жичница излета од шините, најмалку тројца загинати

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку три лица загинаа во среда кога познатата жичница „Глорија“ во Лисабон, која е популарна кај туристите, излета од шините и се урна, при што околу 20 лица беа повредени, соопштија службите за итни случаи.

Снимките од местото на настанот ја прикажуваат жичницата слична на трамвај, која ги превезува луѓето по ридот во португалската престолнина, практично уништена, а службите за итни случаи ги извлекуваат луѓето од урнатините.

Не е позната причината за несреќата.