Екипа на ТВ21 денеска беше во посета на граничниот премин „Блаце“ за да провериме какво се врши контролата за влез и излез од државата со оглед на брзото ширење на смртоносниот вирус корона.
Нашата екипа забележа полициски службеници кои вршеа пасошка контрола, а на себе носеа заштитни маски како превенција од контактот кој го имаат со патниците.
Забележавме дека има просторија за изолација на евентуално сомнителни патници со симптоми на обичен или коронавирус.
Според последните одлуки на Владата, на граничниот премин обезбедено беше и средство за дезинфекција на раце.
