ВИДЕО Уапсени навивачи, огромни редици пред салата во Берлин, полицијата не простуваше пред почетокот на Ф4 Евролигата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пред првиот натпревар од полуфиналето на Евролигата меѓу Панатинаикос и Фенербахче, имаше голема тензија меѓу навивачите пред „Убер арената“ во Берлин.

По тепачката меѓу навивачите на Панатинаикос и Фенербахче, забележано е и дека некои приврзаници на турскиот тим се обиделе насилно да влезат во салата.

Полицијата и обезбедувањето ова не го простија, па неколку лица беа приведени, додека на голем број им беше забранет влез во салата.

Поради тие немили сцени, настрадаа навивачите кои сакаа порано, уредно и без скандали да влезат во салата бидејќи пред неа се создаваа долги редици.

Еден час пред натпреварот, салата беше речиси празна, ситуацијата не се подобри многу до 18 часот, па мечот доцнеше десет минути.