ВИДЕО Украинката Лидија (98) пешачела 10 километри за да избега од окупираната територија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Лидија Ломиковска (98) пешачела десет километри откако руските сили влегле во нејзиниот роден град во источна Украина. Во еден момент таа се одвоила од семејството и се упатила кон запад. На нозете имала само домашни влечки.

„Зедов стап и дрвена штица за поддршка и тргнав на пат. Нозете некако ме носеа“, изјави таа за Би-Би-Си.

Таа раскажа и дека морала да лежи неколку пати.

„Заспав во тревата па продолжив да одам“

„Еднаш изгубив рамнотежа и паднав во тревата. Заспав, а потоа продолжив да чекорам“, рекла старицата.

Откако поминала десет километри со куќни влечки, наишла на украинската полиција.

„Еден од полицајците ме праша колку години имам, му реков 48 или 49. Не ми веруваше“, рече таа низ смеа.

Полицијата ја однела во прифатилиште, каде ја видела внуката, а родното место и го уништиле руските гранати. Станбените блокови и куќите стануваат шут и прашина.

“Не остана ништо! Се е наопаку”, рекла старицата.