Вучиќ: Македонците се наши браќа и пријатели, но одлуките кои доаѓаат од Скопје не се фер кон Србија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во интервју за државната српска телевизија РТС, претседателот на Србија, Александар Вучиќ истакна дека Македонија не излегла фер кон неговата земја, кога станува збор за Резолуцијата за Сребреница.

„Следниот четврток ќе видите дека се раѓа еден нов светски поредок. Унгарија нема да гласа за Резолуцијата за Сребреница, а таа е слободна земја како и многу други. Македонците се наши браќа и пријатели, но друга работа е како тоа кај нив функционира. Кога водите земја и кога знаете дека имате братски народ, тогаш мора да продолжите да работите на најблизок начин. Што да кажам за Црна Гора? Едно Мексико е воздржано, една Никарагва против, а за нив можам да кажам дека се цврсти луѓе, а Црна Гора да биде за? И тоа ви зборува колку поредокот на светот се менува. Мене ми се најсмешни нивните извинувања за јавноста. Во регионот доволно говори гласот кои ќе го дадат. Виновни ми се Подгорица или Скопје? Би бил лицемерен и кукавица да кажам дека е така, но главни виновници со оние кои целата работа ја почнаа. Дали ќе бидеме среќни од одлуките на Подгорица и Скопје? Сигурно дека не. И нормално дека не се фер кон Србија“, рече Вучиќ.