Вчера на подрачјето на град Скопје по извршена акција во соработка со Основното јавно обвинителство од Кавадарци во магацин во населбата Бутел биле пронајдени и одземени 12 палети во кои имало еден тон и 240 килорами марихуана.
Таа била спакувана во полиетиленски вакумирани пакувања и црни полиетиленски вреќи исполнети со наркотична дрога марихуана.
