ВИДЕО: Во делови од БиХ паѓа снег

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Босна и Херцеговина денеска е облачно, а забележан е и пад на температурите.

Во поголемиот дел од државата врне дожд, но во некои делови, како што е Сараево, забележан е и снег.

„Денеска посилна облачност од запад ќе донесе заладување и врнежи низ државата. Претежно ќе врне во низините, а ќе има и лапавица. На планините ќе врне снег“, соопшти Федералниот хидрометеоролошки завод на БиХ.