ВИДЕО: Во експлозија на зграда во Франција, едно лице е тешко повредено, две исчезнати

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Едно лице е сериозно повредено, а еден пар е исчезнат по силната експлозија од засега неидентификувана причина во помала зграда во центарот на Бордо во југозападна Франција, соопшти денеска полицијата.

Експлозијата се случила во населбата Чартронс и уништила продавница за поправки на автомобили и сериозно „срушила“ две згради до неа.

„Стравуваме дека бројот на жртви може да биде поголем“

Според соопштението на полицијата, повредено е 89-годишно лице кое е во сериозна состојба.

Првите податоци од истрагата зборуваат за можна експлозија на инсталации за гас. 

Околу педесетина пожарникари се на местото на несреќата.

„Стравуваме дека бројот на жртви може да биде поголем бидејќи соседните згради беа сериозно оштетени“, изјави портпаролот на противпожарната служба.