Вчера на една прометна крстосница во јапонскиот град Јашио, се отвори огромна дупка во која паднаа камион и возачот. Дупката широка 10 метри и длабока 5 метри се отворила околу 10 часот по локално време.
„Веруваме дека дупката се отвори поради пукање на канализационата цевка на басенот на реката Накагава“, рече Мотохиро Оно, гувернер на префектурата Саитама. И покрај напорите на спасувачот, возачот се уште е заробен во кабината која е исполнета со песок и кал.
Спасувачките тимови пумпале воздух во дупката за да му дадат кислород на возачот, објави Нипон ТВ. Во меѓувреме, недалеку од првата дупка се отвори уште една дупка. Локалните власти ги повикаа жителите во радиус од 200 метри да се евакуираат бидејќи гасовод минува под земја.
На почетокот на акцијата за спасување, возачот бил свесен и комуницирал со спасувачите, но подоцна се појавиле информации дека спасувачите повеќе не можат да комуницираат со возачот. Во дупката останала само кабината, додека остатокот од возилото бил успешно извлечен.
Video: Part of a road intersection collapsed in Yashio City, Saitama and a truck fell into the hole. Efforts are underway to rescue the driver. pic.twitter.com/CPqXd3Y1lC
— Jeffrey J. Hall 🇯🇵🇺🇸 (@mrjeffu) January 28, 2025
