Ангеле Зафировски денеска беше еден од демонстрантите кои протестираа за како што велат слобода на уставобранителите. Тој пред камерата на ТВ21 се разголе и ги покажуваше своите тетоважи.
Неговото тело го красат ликовите на Сашо Мијалков и на неговиот син Јордан. За нив Зафировски претходно имаше изјавено дека му го спасиле животот помагајќи му околу лекување, па во знак на благодарност решил да ги овековечи со тетоважи поранешниот директор на УБК и неговиот син.
Ангеле Зафировски, стана „популарен откако објави фотографија со плакат испишан со морбидна „поезија“ пред три години.

