Автобус со прилепски регистарски ознаки изгорел на автопатот Велес–Скопје, во близина на наплатната рампа кај Отовица.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, сите патници навреме успеале да излезат од возилото и за среќа нема повредени лица.
На местото на настанот интервенирале екипи на Територијалната противпожарна единица, како и полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај во Велес.
Пожарот избувнал за време на движење на автобусот, а причините засега не се познати. Поради интервенцијата и безбедносните мерки, сообраќајот на овој дел од автопатот бил привремено во прекин.
