Во просториите на Центарот за управување со кризи во тек е вонреден состанок на кој се разговара за состојбата и опасноста од коронавирус во Македонија.
На состанокот присутни се Венко Филипче, Радмила Шекеринска, Славјанка Петровска, Мила Царовска, Горан Сугаревски и претставници од Армијата.
Нема информации какви одлуки ќе бидат донесени.
Се уште се очекуваат резултатите од тестирањето направено врз тројца работници за присуство на коронавирус. Работниците допатуваа од Кина, а работат на автопатот Кичево- Охрид.
Тие моментално се изолирани во село Извор, Кичево.
Во Италија смртоносниот вирус ја зема веќе седмата жртва, а во регионот на сила стапија и дополнителни мерки како превенција од ширење на овој вирус. Соседна Србија ги забрани екскурзиите за сите училишта.
